

Рамковна директива за отпад
Project Manager
Главни точки
2008/98/ЕУ
-
Директивата воспоставува хиерархија на отпадот:
-
спречување на создавање;
-
подготовка за повторна употреба;
-
рециклирање;
-
друга преработка (пр. обновување на енергија); и
-
отстранување.
-
Тоа го потврдува „принципот загадувачот-плаќа“ според кој првичниот производител на отпад мора да ги плати трошоците за управување со отпадот.
-
Го воведува концептот на „проширена одговорност на производителот“.
-
Прави разлика помеѓу отпадот и нус-производите.
-
Управувањето со отпадот мора да се врши без никаков ризик за водата, воздухот, почвата, растенијата или животните, без да се предизвикува непријатност преку бучава или мириси, или да се наштети на природата или местата од посебен интерес.
-
Производителите или имателите на отпад мора сами да го третираат или да го предадат официјално на лиценциран оператор. И за двата пристапи е неопходна дозвола и периодични инспекции.
-
Надлежните национални власти мора да усвојат планови за управување со отпад и програми за спречување на создавање на отпадот.
-
Посебни услови важат за опасниот отпад, отпадните масла и био-отпадот.
-
Воведува цели за рециклирање и преработка што треба да се постигнат до 2020 година за отпадот од домаќинствата (50%) и градежниот отпад (70%).
-
Законската регулатива не опфаќа одредени видови отпад како што се радиоактивни елементи, деактивирани експлозиви, фекални материи, отпадни води и животински трупови.
Изменување и дополнување на Директивата (ЕУ) 2018/851
-
Како дел од пакетот мерки за циркуларна економија, Директивата (ЕУ) 2018/851 ја менува Директивата 2008/98/ЕC.
-
Таа ги поставува минималните оперативни барања за проширена одговорност на производителот*. Исто така може да вклучуваат организациска одговорност и одговорност да се придонесе за спречување на отпадот и за повторна употреба и рециклирање на производите.
-
Ги зајакнува правилата за спречување на создавање отпад. Во поглед на создавањето отпад, Земјите членки на ЕУ мора да преземат мерки за:
-
поддршка на моделите на одржливо производство и потрошувачка;
-
поттикнување на дизајнирање, производство и употреба на производи кои се ефикасни во однос на ресурсите, издржливи, поправливи, повторно употребливи и способни за надградба;
-
спречување целните производи кои содржат критични суровини тие материјали да станат отпад;
-
поттикнување на достапноста на резервни делови, прирачници со упатства, технички информации или други средства кои овозможуваат поправка и повторна употреба на производите без да се загрози нивниот квалитет и безбедност;
-
намалување на создавањето на отпад од храна како придонес кон Целта на Обединетите нации за одржлив развој за да се намали за 50% глобалниот отпад од храна по глава на жител на ниво на малопродажба и потрошувачи и да се намалат загубите на храна долж синџирите на производство и снабдување до 2030 година;
-
промовирање на намалување на содржината на опасни материи во материјалите и производите;
-
стопирање на генерирањето на отпадоци во море.
-
Исто така, поставува нови цели за рециклирање на комуналниот отпад: до 2025 година, најмалку 55% од комуналниот отпад по тежина ќе треба да се рециклира. Оваа цел ќе се зголеми на 60% до 2030 година и 65% до 2035 година.
-
Земјите-членки мора:
-
да воспостават, до 1 јануари 2025 година, одделно собирање на текстил и опасен отпад создаден од домаќинствата;
-
да се потврдат дека до 31 декември 2023 година, био-отпадот се собира одделно или се рециклира на местото на неговото создавање (на пример, со компостирање).
-
Директивата, исто така, нагласува примери на стимулативни мерки за примена на хиерархијата на отпадот, како што се давачките за депонии и согорување и тарифите за плаќање според количество.




