
Новости
СЕПТЕМВРИ ПОСТОВИ




5 -ти ЈУНИ – СВЕТСКИ ДЕН НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
.png)
СЛЕДЕЊЕ НА УЛИЧНА АНКЕТА – СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ (ПО АНКЕТАТА)
Meet the Team
Проектниот тим SENE3 сака да објави дека двете улични анкети завршија успешно. Тие
се одржаа во Куманово и Штип, изминатите два дена, петок 18 и сабота 19 октомври,
2024 година. Би сакале да им се заблагодариме срдечно на сите кои одвоија време и
учествуваа во уличните анкети и ги споделија своите размислувања со нас!
За време на тие дводневни случувања, се ангажиравме со стотици локални жители кои
ги споделија своите вредни мисли и согледувања за практиките за управување со
отпад, навиките за рециклирање и размислувања за прашањата за циркуларна
економија.
Учеството на сите ни помогна да имаме целосна слика и да ги разбереме ставовите на
заедницата кон управувањето со отпадот, рециклирањето и циркуларната економија.
Она што го научивме од вас е јасно: сите ние споделуваме заедничка цел. Сите сакаме
почиста, позелена и поодржлива животна средина и сите можеме да направиме нешто
за неа. Многу учесници изразија голем интерес активно да придонесат за остварување
на оваа визија.
Вашиот придонес е секогаш вреден и нè води во подготвувањето на ефективни
политики кои се однесуваат на локалните потреби и грижи додека промовираат
одржливо живеење. Повратните информации што ги собравме од анкетите, кои
претставуваат ефикасна истражувачка алатка за јавното мислење, се од суштинско
значење и дополнително ќе бидат анализирани за подобрување на практиките за
управување со отпад низ Источниот и Североисточниот регион.
Ние сме посветени да се погрижиме вашите гласови да се слушнат. Сите одговори ќе
бидат земени предвид додека продолжуваме да работиме заедно за имплементација
на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот
регион, кои имаат корист и за животната средина и за нашите заедници.
Резимето на клучните наоди од двете истражувања ќе биде наскоро споделено на
нашата веб-страница www.sene3.com и на нашите социјални медиуми. Ве охрабруваме
да нè следите за повеќе новости, факти и совети за животната средина и детални
информации за напредокот на проектот.
Заедно можеме да дејствуваме за подобро општество и да ја подигнеме свеста за
одржливоста.
Ви благодариме повторно што сте дел од овој суштински чекор кон поодржлива
иднина. Вашите гласови се важни и ги почитуваме, а вашето учество ни помага да
оформиме позелено утре за сите нас!
.png)
.png)
.png)
.png)
.png)
.png)





.png)