Проектни активности
Активност 1. Развој и имплементација на програма и кампања за подигање на јавната свест за регионално управување со отпад кои ќе дадат поддршка на имплементацијата на Регионалниот систем за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион
1.1
Оцена на сегашното ниво на јавна свест во однос на управувањето со отпадот во Источниот и Североисточниот регион
1.2
Подготовка на програма за подигање на јавната свест за регионално управување со отпад
1.3
Подготовка и спроведување на кампања за подигање на јавната свест (во период од најмалку 6 месеци) која ќе ја поддржи имплементацијата на регионалниот систем за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион
1.4
Следење на влијанието на кампањата за подигање на јавната свест врз јавноста
Активност 2. Ревизија на постојните регионални планови за управување со отпад (РПУО) за Источниот и Североисточниот регион и подготовка на СОЖС за Плановите
2.1
Оцена на состојбата и содржината на постојните РПУО и СОЖС за Источниот и Североисточниот регион
2.2
Спроведена постапка за јавни расправи консултација со најмалку 9 состаноци одржани со релевантните чинители на кои ќе бидат презентирани РПУО и СОЖС за Источниот и Североисточниот регион
2.3
Ревизи ја и ажурирање на РПУО и подготовка на СОЖС за Плановите за Источниот и Североисточниот регион
2.4
Обезбедена поддршка за усвојување на РПУО за Источниот и Североисточниот регион во рамките на времетраењето на проектот, потребна за формално одобрување на РПУО од страна на општинските совети во Источниот и Североисточниот регион
Активност 3. Развој на формална и професионална институциска поставеност за меѓурегионалното претпријатие за управување со отпад (МРПУО) и Организациските единици за регионално управување со отпад (ОЕРУО) за Источниот и Североисточниот регион
3.1
Оцена на правната рамка или воспоставување на МРПУО и ОЕРУО за Источниот и Североисточниот регион
3.2
Оцена на постојниот административен и финансиски капацитет и идни потреби за успешно и ефикасно работење на МРПУО и ОЕРУО
3.3
Развој на организациска структура и оперативни правни и финансиски документи, вклучувајќи модел за пресметка на тарифи за успешно и ефикасно работење на МРПУО и ОЕРУО
3.4
Спроведување на оцена на потребите за обука и подготовка на програма и модули за обука и спроведување на обука за работа на МРПУО
3.5
Подготовка на општински договори за соработка со МРПУО, вклучително и определување тарифи, за функционирање на меѓурегионалниот систем за управување со отпад
3.6
Подготовка на процедурални упатства за работење и финансиско управување на МРПУО и ОЕРУО
3.7
Обезбедување поддршка на персоналот или МРПУО за работа и управување со МРПУО во времетраењето на проектот
Активност 4. Зајакнување на капацитетот на Јавните комунални претпријатија (ЈКП) во 18 општини за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион
4.1
Оцена на капацитетот, правните и организациски структури во рамките на постојните ЈКП во 18 општини во Источниот и Североисточниот регион за успешно спроведување на преземените ефикасни операции, вклучувајќи собирање на отпад, комуникација со граѓаните и управување со затворените и дивите депонии во согласност со РПУО во Источниот и Североисточниот регион
4.2
Оцена на постојните рути за собирање на отпад и честота на собирање на ЈКП и развој на процеси за оптимизација на рутите за ЈКП, и предложени собирни места и испорака и честота на собирање во Источниот и Североисточниот регион, за да се прикажат финансиските и еколошките придобивки од пристапот на заедничка услуга
4.3
Подготовка на организациска структура и придружна оперативна документација за ЈКП во Источниот и Североисточниот регион, вклучително и процедури за набавки и процедури за управување со договори
4.4
Спроведување на оцена на потребите за обука, развивање програма за обука и спроведување на обуки за ЈКП во Источниот и Североисточниот регион за успешно функционирање на регионалниот систем за управување со отпад
Активност 5. Поддршка на ОЕРУО и општините во врска со подобрувањата за да се обезбеди ефективно и ефикасно управување, инспекција, спроведување и надзор на имплементацијата на регионалниот систем за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион
5.1
Оцена на постоечките плански документи за управување со комунален отпад (планови и програми) и степенот на нивна имплементација во Источниот и Североисточниот регион
5.2
Оцена на постоечките општински административни капацитети, практики, процедури и законска рамка за инспекција, спроведување и надзор на управувањето со отпадот во Источниот и Североисточниот регион, вклучително и оцена на организациските структури на општините и можност за соработка и воспоставување заедничка организациска структура
5.3
Развој на програми за управување со комунален отпад за 18 општини со финансиски аранжман за нивно спроведување во согласност со РПУО за Источниот и Североисточниот регион
5.4
Спроведување на оцената на потребите за обука за ОЕРУО и општинските инспекции, спроведување и надзор на имплементацијата на регионалниот систем за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион
5.5
Подготовка на мерки за зајакнување на административните капацитети на општинскиот инспекторат во однос на инспекцијата, спроведувањето и надзорот на капацитетите за отпад во Источниот и Североисточниот регион преку обуки и изработка на стручно упатство за општински инспектори и прекршочна постапка
5.6
Подготовка на план за зајакнување на административните капацитети за регионално управување со отпад во Источниот и Североисточниот регио н, вклучувајќи збир на препораки во врска со организациските структури, кадровскиот капацитет, обуките и подобрената соработка помеѓу државните и општинските инспекторати за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион, вклучувајќи препораки за улогата на ОЕРУО во оваа соработка, постапките за известување и протоколите за аплицирање за прекршочни постапки
5.7
Организирање и спровед ување на две студиски посети во земји членки на ЕУ за размена на искуства и запознавање со управувањето и функционирањето на регионалните системи за управување со отпад