top of page

Национално законодавство

Шест нови закони за управување со отпад се донесени во 2021 година. Овие закони се изготвени во рамките на твининг проектот „Зајакнување на административните капацитети за имплементација на Рамковната директива за отпад (РДО) и Директивите за посебни текови на отпад ( ДОЕЕО, ДБА и ДОП)“ (МК 12 IPA IB EN 02 16), кој беше имплементиран од 2016 до 2018 година. Сите закони го поминаа процесот на консултации со јавноста

Со Законот за управување со отпад, усвоен од Собранието на 17.09.2021 година, се транспонираат Рамковната директива за отпад (РДО) и Директивата за депонии (ДД). Неколкуте подзаконски акти, кои се предвидени во овој закон, ќе овозможат целосно транспонирање на РДО.

Законот за управување со отпад ја уредува рамката и обезбедува општи правила за сите видови отпад и обезбедува правна основа за подзаконските акти. Законот за управување со отпад има важна поврзаност со други закони поврзани со задачи и одговорности во врска со административни, организациски и оперативни прашања во управувањето со отпадот, особено со Законот за животна средина, кој вклучува основни одредби за интегрирани еколошки дозволи (ИСКЗ), постапка за ОВЖС и емисиите на стакленички гасови.

Пет од шесте нови закони ги регулираат посебните текови на отпад. Два од нив, Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори беа донесени во август 2021 година, а дополнителни 3 закони (Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад) беа усвоени од Собранието во текот на септември 2021 година. Новата законска рамка за отпад ги почитува принципите на циркуларна економија и одредбите од ревидираното законодавство на ЕУ за отпад што стапи на сила во 2018 година. Овие пет закони ја регулираат работата на Колективните постапувачи за пакување, отпад од електрична и електронска опрема, батерии, отпадни масла и гуми, отпаден текстил и искористени возила. Рамковен закон е Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, каде што се регулирани обврските на колективните и индивидуалните постапувачи.

tabela.png

Шест нови закони за управување со отпад се усвоени во 2021 година:

  • Закон за управување со отпад

  • Закон за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема

  • Закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори

  • Закон за управување со пакување и отпад од пакување

  • Закон за управување со дополнителни текови на отпад

  • Закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад

 

Документи за политиките кои произлегуваат од Законот за управување со отпад:

  • Национална стратегија за управување со отпад 2008-2020 година (во подготовка)

  • Национален план за управување со отпад (НПУО 2021-2031)

  • Национален план за спречување на создавање отпад (2022-2028)

  • Национална стратегија за управување со тиња (во подготовка)

  • Регионални планови за управување со отпад (РПУО)

Aдреса

Христо Татарчев 1/2-18, 1000 Скопје

Телефон

Tel: +389 2 277 3487

Е-пошта

Environplan1.jpg
Weglobal_edited.png

Поврзете се со нас

  • Youtube
  • Instagram
  • Facebook
  • Linkedin

© Авторски права ЕНВИРОПЛАН С.А. и нејзиниот конзорциумски партнер 2024. Сите права се задржани.

logo EU transparent.png
bottom of page