
Општата цел (Влијанието) на проектот
е да се зајакнат капацитетите и способностите и да се зголеми ефикасноста на структурите на локалната самоуправа за управување со меѓурегионалниот систем за управување со отпад, како и да се подобри јавната свест и учеството во прашањата за управување со отпад со што се заштитува животната средина преку намалување на создавањето отпад, подобрување на ефикасноста на собирањето отпад, зголемување на искористувањето на отпадот и постигнување на намалување на расфрлањето отпадоци.
Специфичната цел (Исходот) на проектот
е да го поддржи формирањето на структура за меѓурегионално управување со отпад и да го поддржи нејзиното работење, да ги зголеми капацитетите и можностите на општините, јавните комунални претпријатија и организациските единици за регионално управување со отпад (во рамките на Центарот за регионален развој) во извршувањето на нивните должности кои произлегуваат од регионалниот систем за управување со отпад, да се ажурираат планските документи за регионално управување со отпад и да се подигне јавната свест и да се зголеми учеството на јавноста со цел да се намали создавањето отпад, да се зголеми искористувањето на отпадот и да се намали расфрлањето отпадоци.

Очекуваните исходи од овој договор се:
Исход 1: Развој и имплементација на Регионална програма за подигање на јавната свест за управување со отпад и кампања која ќе ја поддржи имплементацијата на Регионалниот систем за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион.
Исход 4: Зајакнување на капацитетите на Јавните комунални претпријатија (ЈКП) во 18 општини за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион.
Исход 2: Ревизија на постојните Регионални планови за управување со отпад (РПУО) и подготовка на Стратешки оцени на животната средина за Источниот и Североисточниот регион.
Времетраењето на проектот е 24 месеци (јануари 2024 – јануари 2026 година).
Исход 3: Подготовка на формална и професионална институциска поставеност за Меѓурегионалното претпријатие за управување со отпад (МРПУО) и Организациските единици за регионално управување со отпад (ОЕРУО) за Источниот и Североисточниот регион.
Исход 5: Поддршка на ОЕРУО и општините во врска со подобрувањата за да се обезбеди ефективна и ефикасна инспекција, спроведување и надзор на ЈКП и МРПУО за Источниот и Североисточниот регион.



